22.11.10

Да нема место кај да седнеш!

Општината Карпош минатата година вложи над 350 илјади денари за одржување и реконструкција на постојните клупи на територијата на општината. За денешната состојба на клупите каде одлучивме да одмориме, сведочат следниве фотографии.

Ни оградата не помага многу во заштитата на инвертарот кај паркчето за деца, што се наоѓа крај улицата „Јуриј Гагарин“



Удобното седење на клупите претставува луксуз - голем дел од клупите се без „делови“



Граѓаните ги сакаат лисјата кога паѓаат

Времето денеска за разлика oд вчера се смени. Граѓаните вчера се шетаа по кратки маици и тенки блузи. Луѓето се соочуваат со нагла промена на времето, всушност денес е ладно и врнежливо за разлкика од пред неколку дена. Лисјата паѓаат, а задолжените за паркови и зеленила никаде ги нема, парковите се преполни со лисја.
Најновиот виц за времето е: децата прашуваат кога паѓаат лисјата професорке?
Во 20 часот на А1 телевизија. Времето постојано се менува како луѓето, ден е добар а ден за никаде.

8.11.10

Споредба на две веб страници

Се работи за две компании, кои преку нивните веб страници ја презентираат нивната дејност, се рекламираат, се со цел да бидат поблиску до потрошувачите. 

Веб страна каква треба да се има



Споредба на веб-страниците ЕВН Македонија и Т-хоум Македонија

Анализа на Веб-страницата на ЕВН Македонија

Дизајнот на веб-страната ЕВН Македонија, е лош пример за дизајн на веб страна. Многу едноставна страна која не е многу забавна, навигациите се едноставни и дизајнот е едноставен.

Боенки со информации











Шаренило од бои, еден куп рубрики со поднаслови, помешани информации со реклами, банери во сите димензии се „заштитни“ знакови им припаѓаат на информативната страница „Журнал“ (www.zurnal.mk) и новинаската агенција „Нетпрес“ (www.netpress,com.mk).Иако основната цел на нивната посета е информирање, сепак невозможно е читателот да не го забележи нивниот изглед. 

„Нет прес“ и информативниот портал „Журнал“, наизглед привлечни

ЕВН против Т-хоум

Како да познаеме која компанија се посветува на квалитетот на презентирање преку својата Интернет локација, а која тоа до прави на принципот „колку да се има“? Одговорот на ова прашање лежи во анализата на локациите на овие компании на Интернет според определини принципи. 

E -репортер vs Курир












Споредба на веб страници по дизајн, содржина, мултимедија, ахива и останати карактеристики.

Почетната стрницата на Е-репортер е поразбирлива од страницата на Курир



Дали нашите веб страници информациите што ги нудат ги прават лесни за препознавање и разбирливи за читателите. Какви им се дизајните и уредувачката политика ке видиме од анализата на веб станиците на „Е-репртер“ и „Курир“.

ЕВН пензионери, „Т-хоум“ разиграни како мали деца


Со оглед на тоа колку е користен денес интернетот, еден од најважните ако не и најважен елемент на промоција и реклама на една коорпорација, е токму веб платформата или нивната официјална веб страница.

Корпоративниот интернет во Македонија



Во последно време во Македонија се зголеми бројот на компании кои интернет претставувањето го сфаќаат сериозно, па редовно и професионално ги ажурираат своите веб страници. „Макпетрол“ и „Алкалоид“ се компании со кои можеме да се гордееме и во оваа област. Затоа и токму нивните веб страници се вклучени во оваа споредбена анализа која има за цел да го пофали она што е направено како треба, но и да укаже на пропусти во врска со начинот на кој управуваат со своите веб страници.


Дизајн на веб страници

Дизајнот или првичниот впечаток од веб страницата е од она што ќе биде пресудно дали случаен минувач ќе застане, ќе просурфа, ќе ги прочита информациите на компанијата или ќе се исклучи уште во првата секунда.
На прв поглед веб страницата на Алкалоид е подобро графички решена бидејќи целокупната содржина е добро оптимизирана за гледање на еден екран (1024 х 768). Веб страницата на Макпетрол пак, бара скролување надолу за да ја видиме целосната содржина понудена на првата страница. И двете компании ги користат своите корпоративни бои во дизајнот на основниот темплејт на страниците, што е добра практика во корпоративниот веб дизајн.

Обнова на содржините
Со оглед на фактот дека станува збор за корпоративни страници чија цел е претставување на компанијата, нејзините производи и активности, нема потреба од често ажурирање на содржината.
Макпетрол уште на првата страница одделил простор каде се комуницираат сите новости и актуелни случувања поврзани со компанијата. Кај Алкалоид недостига ваков вид на комуницирање со публиката.

Информативност
И едната и другата компанија ја искористиле можноста за што подетално претставување на своите производи и услуги, се разбира соодветно на дејноста во која работат. Алкалоид се одлучил за подетално претставување на своите производи, како и неговата ориентираност кон етичкото однесување и социјалната одговорност на компанијата, додека Макпетрол се фокусирал на претставување на дејностите во кои работи. Сите информации на веб страницата на „Макпетрол“ информациите се групирани во подмениа хоризонтално, додека „Алкалоид“ користи вертикална навигација.

Фотографии и мултимедиа
Во изборот на фотографии „Макпетрол“ се одлучил за реални фотографии, направени од нивните продажни места, вработени и производи. „Алкалоид“ пак, користи генерички фотографии кои служат повеќе како симбол на дејноста која ја претставува и се искористени како графички елементи за разубавување на страницата. Како исклучок се искористени слики од производите чии карактеристики се детално наведени.

Контактирање
Начинот на контактирање со едната односно другата компанија е решен на сосема различен начин. „Макпетрол“ пристапот до контакт податоците го претставил со икона и им овозможил на посетителите да остават забелешка во вид на е-маил порака. „Алкалоид“ пак, нема обезбедено ваков начин на контактирање, но затоа има наведено детални контакт податоци како адреса и телефон од сите свои подружници. Во принцип нема правилен и погрешен начин на обезбедување на интерактивност.

Социјални мрежи
„Алкалоид“ за сите кои ја поддржуваат неговата работа има поставено facebook страница, додека пак оваа опција во случајот на „Макпетрол“ е искористено само за неговиот кугларски клуб.

3.11.10

Подобри услови за образованието на Ромите

Шеснаесетгодишната Анка е ученичка во прва година. Нејзиното семејство е сиромашно, но и свесно дека Анка треба да се школува. 

25.10.10

A1 vs Курир










Информативни сајтови. Тоа веројатно e единствената заедничка карактеристика на официјалните интернет страници на „А1 телевизија" и интернет медиумот „Курир". И двата медиуми најновите информации ги објавуваат на почетокот но на различен начин.

Интернет рекламирање на Свети Николе и Струмица

Низ неколку критериуми ги споредивме официјалните веб станици на општините - Струмица и Свети Николе.

Веб - станицата на АБ канал за влакно подобар од ТВ ШУТЕЛ

Ги споредивме веб-страниците на „АБ канал“ и „ТВ Шутел“

Иди види го Нетпрес и најди ги разликите

Порталот Идивиди (idividi.com.mk) и веб локацијата на новинската агенција Нетпрес (netpress.com.mk) на прв поглед делат многу сличности.

24.10.10

За веб страницата Sakamknigi.mk

Сакам книги е веб страница за сите вљубеници во книгите, за тие што сонуваат будно, за нашите илузии, мечти и избледени соништа. За сите што живеат во некој свој мал, волшебен свет, обидувајќи се што подолго да останат таму.

19.10.10

Секс скандал во Сам свој мајстор


Веќе не се бројат љубовните авантури на Елена и Едвис во куќата на Сам Свој Мајстор. Но, овој пат ќе остане незаборавен по жестокиот секс во раните утрински часови, кој го затресе креветот, а паркетот го остави со трајни последици.

Уметност од хартија на младата архитектка Павловска

Книжните кутии за подароци, необичните честитки со многу детали и картичките за подароци на младата креативка Марија Павловска се единствените изработени вакви предмети кај нас со техниката "гуилинг“. "Гарден МП“, нејзината интернет продавничка на социјалната мрежа "фејсбук" е единственото место каде може да се видат и купат овие производи.

„Фејсбук“ и помогна на правдата

На 16 октомври 2010 во скопската населба Драчево, месар избоде до смрт куче скитник. Околу овој настан се дигна толку голема прашина што за само неколку часа на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Кривично да се казни месарот што брутално го уби кучето“ се зачленија 5,366 луѓе.

МОФ апелира до младите, „Бидете независни!“

Под мотото „Слобода, креатива, вработување“, Младинскиот Образовен Форум пред десетина дена го започна проектот „Младинска независност“, онлајн кампања за поттикнување на младинскиот активизам во земјава.

30.10.2010 TEDx настан во Македонија

TEDx Скопје е независен и самостојнио организиран настан.TED ја доделува лиценцата за организирање на конференција по нивниот модел, со јасно одредени упатства, насоки и правила како и брендот TEDx, со што настанот се вклучува во светска мрежа на TEDx конференции.

18.10.10

За веб страницата ИДИВИДИ

Идивиди "www.idividi.com.mk" е забавно - информативен македонски сајт чија првична идеја е пренесување информации кои ќе забавуваат и релаксираат.

Најголемите Филантропи во светот

Акт на давање за доброто на заедницата/општеството, мотивирано од љубов за човештвото и желба да се подобри животот на луѓето. Актот на давање не подразбита само пари, тој опфаќа и донирање на своето време, тред, експертиза.

Филантропијата најчесто се поврзува со богати луѓе, фондации или добротворни организации, таа всушност ја опишува секоја приватна или лична активност спроведена за јавно добро.

Духовните дисциплини во секојдневниот живот


Surya. mk е веб страница за духовни дисциплини. Доколку сте заинтересирани и сакате да почнете нешто ново, можете да ја посетите оваа страница, и да се запознаете со вештините кои ви ги нуди.

4.10.10

За веб страницата rottentomatoes.com

Rotten Tomatoes е веб страница која примарно служи како агрегатор на филмски критики. Речиси секој филм, независно од земјата на потекло, годината или времетраењето, е застапен на страницата.

За веб локација- Фондација- СОРОС


Фондацијата Институт Отворено Општеств

За веб страницата на ТВ Шутел

Телевизијата ШУТЕЛ се наоѓа во населбата Шуто Оризари и функционира од 17. мај.1994 година, како ромско галсило во Македонија, Европа и Светот затоа што е Онлајн.

27.9.10

Астибо за модерна и урбана жена


Во преубавиот амбиент на старата скопска чаршија македонскиот бренд Астибо докажа дека македонските потрошувачи може да веруваат во македонските брендови.

Стереотипи и предрасуди кон Ромите

Mедиумите обично не посветуваат внимание на приказните во кои Ромите се жртви како што се случаите на расистички напади или говор на омраза од политичарите упатени кон Ромите.

Тајните на Кеопсовата пирамида

Платото на Гиза во Каиро дефинитивно е најпосетената туристичка дестинација. Не само поради пустинскиот песок, туку поради пирамидите меѓу кои и едно од седумте светски чуда.

Стереотипите и религијата

Религијата е еден систем на концепти кои доколку би ги прифатиле целосно, би имале подобар живот. Религијата е верба во Господ Бог кој христијаните го нарекуваат Исус, муслиманите го нарекуваат Мохамед, будистите го нарекуваат Буда и тн.

И ромките сакаат да студираат

Џеврие Љатифовска е ромка од Шуто Оризари која ќе заврши средно училиште уште некој месец и размислува на кој факултет да се запише. Таа учи во средното училиште „Арсени Јовков“ и е одлична ученичка. Вели дека сака да студира и да биде пример за останатите ромски девојчиња кои немаат храброст да продолжат со образованиетo.