27.9.10

Тајните на Кеопсовата пирамида

Платото на Гиза во Каиро дефинитивно е најпосетената туристичка дестинација. Не само поради пустинскиот песок, туку поради пирамидите меѓу кои и едно од седумте светски чуда.


Од вкупно откриените 98 египетски пирамиди, Kеопсовата, висока 145 метри, е најпознатата во светот и се смета за центар на земјината топка. Светското чудо се состои од три простории.

На врвот е просторијата на кралот Кеопс, под неа се смета дека била просторија на кралицата .Третата просторија е местото за задгробен живот до каде стигнуваат две вентилации од врвот. Преку нив Кеопс верувал дека ќе продираат сончевите зраци. Со нивна помош ќе можел да оди кај богот на Сонцето.

Кеопсовата пирамида е градена од камења тешки од 5 до 15 тони. Во внатрешниот дел има и камења тешки до 50 тони. Се смета дека пирамидите ги граделе луѓето кои преживеале од сега веќе потопената Атлантида.

Изградени се со влечење на камењата од вар, црвен гранит и базелт.

До Кеопсовата пирамида се наоѓаат уште двете помали, Кефренова и Микеринова пирамида и уште три мали за кои се смета дека им припаѓале на кралиците.

Во близина на пирамидите живеат локални египќани кои дали со јавање камили или пак со продавање на традиционалните арапски марами ќе се обидат да заработат од вас. Ќе наплатат дури и за слика со нив.

Во делот кај пирамидите, преполн со локални продавачи, камили, туристи и локална полиција забрането е било какво снимање.