27.9.10

Стереотипи и предрасуди кон Ромите

Mедиумите обично не посветуваат внимание на приказните во кои Ромите се жртви како што се случаите на расистички напади или говор на омраза од политичарите упатени кон Ромите.
Сето ова се акти кои медиумите можат да помогнат да бидат осудени. Доколку се обврзат на промена, медиумите можат да бидат важно средство за подигање на свеста и промовирање на различност и мултикултура. Наместо насочување кон негативни наслови за Ромите, главниот фокус би требало да биде насочен кон пронаоѓање на позитивни приказни и давање на глас на Ромите. Има адвокати, наставници, политичари и доктори од ромска припадност, па зошто да не се известува за нив?