25.10.10

A1 vs Курир










Информативни сајтови. Тоа веројатно e единствената заедничка карактеристика на официјалните интернет страници на „А1 телевизија" и интернет медиумот „Курир". И двата медиуми најновите информации ги објавуваат на почетокот но на различен начин.


Ваквите информации на A1 ( http://www.a1.com.mk/) се објавуваат на класичниот начин, една под друга. На Курир ( http://www.kurir.mk/) главната информација е објавена со слика и налик на насловна страница на весник. Тоа овој медиум го прави помоќен во однос на визуелната привлечност.

Сајтот на телевизијата има стандарден распоред на рубриките и дополнителните алатки, вертикално подредени една под друга. На сајтот на А1 има повеќе банери како најави за телевизиската содржина која следува што создава чувство на измешаност.

За разлика од него, „Курир" има посовремен распоред со кој е лесно да се снајдеш. Овој сајт визуелно е поедноставен и попривлечен. Нема многу шаренило, доминираат неколку бои.

После секој информативен текст на А1 стои линк кој води до видео изданието на објавената информација. Тоа може да се каже дека е недостаток на Курир, таму видеата се на посебно место, настрана од текстовите. Тоа значи дека мора да одиш наменски до видеата за да ги погледнеш, за разлика од А1 каде директно пристапуваш до видео материјалот.

Прилозите на „А1 телевизија“ се новинарски потпишани уште на самиот почеток, веднаш под ударниот наслов. Кај „Курир“ нема објавено автор ниту кај текстовите ниту пак има потписи на видеата. Тоа на читателот му дава доза на несигурност и можеби чувство на сомнеж.

Најновата практика на речиси сите интернет страници е поврзување со социјалните мрежи. Така на "Курир" по секој текст има посебна икона од "фејсбук" каде секој читател може да го сподели текстот и да кликне дека му се допаѓа. Иако ова не е пресудно за читаноста на текстовите, туку само дополнителна алатка, "А1 Телевизија" сеуште го нема како опција на својата страна.

Од друга страна пак, телевизијата на своите читатели им има отстапено простор за коментари. На овој начин овој медиум е поблиску до граѓаните бдејќи им дава право да си го изразат своето мислење и ставот за секој објавен текст.

Коментарите на читателите на А1 досега поттикнале многу идеи за нови теми за истражување што ја прави телевизијата да биде побогата со автентични содржини. Отсуството на простор за коментирање кај Курир ја прави страницата подалечна од граѓаните.

За визуелизација на своите текстови и двете страници користат фотографии. А1 нив ги објавува во помала големина отколку Курир.
И двете страници овозможуваат пребарување на нивната архива. Сепак, Курир има понапредно пребарување бидејќи информациите може да се бараат според клучен збор, читаноста, времето на објавување и формата на текстот.
Исто така има и ограничување колку текстови сакате да пронајде пребарувачот. А1 ја има опцијата за пребарување но без било какви дополнителни помошни алатки. На телевизиската страница се појавуваат сите информации кои се поврзани за клучниот збор со кој пребарувате.