19.10.10

„Фејсбук“ и помогна на правдата

На 16 октомври 2010 во скопската населба Драчево, месар избоде до смрт куче скитник. Околу овој настан се дигна толку голема прашина што за само неколку часа на социјалната мрежа „Фејсбук“ во групата „Кривично да се казни месарот што брутално го уби кучето“ се зачленија 5,366 луѓе.Благодарение на оваа социјална мрежа веста стигна до медиумите, а од таму и до месарницата „Мега“ која испрати јавно соопшетни во кое кажува дека не го оправдува чинот, а вработениот месар веднаш бил отпуштен од работа. По два дена размислување конечно се јави и државата, месарот од Драчево добил кривична пријава според член од кривичниот закон според кој „Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеци“