19.10.10

30.10.2010 TEDx настан во Македонија

TEDx Скопје е независен и самостојнио организиран настан.TED ја доделува лиценцата за организирање на конференција по нивниот модел, со јасно одредени упатства, насоки и правила како и брендот TEDx, со што настанот се вклучува во светска мрежа на TEDx конференции.

Нивната лиценца предвидува еднодневна конфернција, со можност за промотивни и последователни настани и активности. Официјален носител на лиценцата е Васко Цацаноски, кој лично аплицираше во име на сите подржувачи на иницијативата, додека за административните потреби на конференцијата стои Скопското астрономско друштво како правно лице, но уште поважно е што го носи духот на TED во нашата земја.

Првиот TEDx настан во Македонија кој ќе се одржи овој месец во киното Фросина во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе се претстават 12 говорници кои ќе зборуваат во четири сесии пред публика од 100 луѓе.

Изборот на говорниците беше направен со помош на јавен оглас за номинирање кој беше објавен во облик на веб-фомулар и споделен преку социјалните мрежи. Од долгата листа на предложени кандидати, по пат на истражувања и интервјуа, се формира конечната група говорници за настанот.

Игор Трајковски- информатичар http://tedxskopje.mk/govornici/igor_trajkovski
Гоце Митевски -графички дизајнер http://tedxskopje.mk/govornici/goce_mitevski
Зоран Ивановски - електроинженер http://tedxskopje.mk/govornici/zoran_ivanovski
Илина Јакимовска - етнолог http://tedxskopje.mk/govornici/ilina_jakimovska
Невена Ацковска - бионформатичар http://tedxskopje.mk/govornici/nevena_ackovska
Никола Узуновски - ликовен уметник http://tedxskopje.mk/govornici/nikola_uzunovski
Никос Чаусидис - археолог http://tedxskopje.mk/govornici/nikos-causdis
Петар Павлов - графички дизајнер http://tedxskopje.mk/govornici/petar_pavlov


Програматра ќе биде дополнета со видео презентации од TED конференции. Целодневниот настан ќе биде пренесуван во живо на интернет, а презентациите подоцна ќе бидат преведени на англиски јазик.


TEDx Скопје ќе може да се проследи во живо на Интернет, а самите говори ќе бидат достапни и по конференцијата, оние 100 посетители кои ќе бидат избрани ќе ја имаат привилегијата да ги запознаат говорниците, да разговараат со нив и останатите посетители и да бидат дел од извонредното TED-искуство.


Во амбиент на споделување и размена на идеи. Со тоа се надеваме дека овој настан ќе придонесе и во формирањето и развојот на квалитетни и продуктивни нови пријателства и соработки.


Единствено нешто со кое тие се залагаат е кревање на интелектуално ниво на јавните дискуции во нашата средина. Преку оваа конференција ќе се создадат чиста и отоврена платформа за разговор на теми кои не засегаат сите нас лично и кои се од светско и антрополошко значење.