Заеднички експериментален блог на студентите од трета година на Високата школа за новинарство и односи со јавност
19.10.10
Секс скандал во Сам свој мајстор
Веќе не се бројат љубовните авантури на Елена и Едвис во куќата на Сам Свој Мајстор. Но, овој пат ќе остане незаборавен по жестокиот секс во раните утрински часови, кој го затресе креветот, а паркетот го остави со трајни последици.
Главниот мајстор си го одржа своето ветување и им дозволи да поминат неколку саати на само во изолација, кои тие квалитетно и бурно го искористија. Сведоци им беа само ѕидовите, креветот и камерите. И можеби будните „мајстори“ слушнаа „некакви“ звуци, но се беше оставено на нивната фантазија.
Реалното шоу „Сам свој мајстор“ кое се емитува на Канал 5 телевизија ги надмина и српскиот „Велики брат“ и „Фарма“.
На Youtube протече видео снимка од двајца учесници од реалното шоу кои ги искористија своите пет минути слава на телевизија. Околу 2 часот по полноќ водеа скоро 30 минутен жешок секс скриени под јорган, незнаејќи дека ги емитуваат во живо.
Е да не беше трагично ке беше смешно ова што се објавува на веб сајтовите дека незнаеле дека се емитува емисијата во живо. Горенаведеното е превземено од ТИМЕ МК од неколку објавени инфиормации. Не ми е јасно како може да се пишува со толкав ентизијазам и со толу фалеље ко да се некои познати порно ѕвезди или пак некои јавни фаци. Да не беше реалното шоу немаше да ги познаваат никој освен нивните најблиски и пријателите.