4.10.10

За веб страницата на ТВ Шутел

Телевизијата ШУТЕЛ се наоѓа во населбата Шуто Оризари и функционира од 17. мај.1994 година, како ромско галсило во Македонија, Европа и Светот затоа што е Онлајн.

Веб сајтот на ТВ Шутел е нејасен, главните наслови им се на горниот дел, каде што обично има реклама или стои логото на телевивијата.

На десниот горен дел
пишува Шутел Онлајн, ама всушност е Офлајн, затоа што кога ќе се кликне на прозорчето излегува една црна телевизија која стои така жално како да има забрана од Советот за радио и дифузија.
Информациите постојано не се ажурираат, не се додаваат секој ден најнови информации, се случува и неколку дена да стои едена иста вест.

Кога ке се отвори почетната страна на веб страната на ШУТЕЛ, почнува со неколку информации од Македонија, потоа доаѓаат ромски теми и свет, па повторно има теми од Македонија и ромски теми.
Кога ке се види на крај сајтот изгледа како турли тава, препознатлив македонски специјалитет во кој се става се и сешто и нема никаков ред. Таков е сајтот на ТВ ШУТЕЛ.