25.10.10

Интернет рекламирање на Свети Николе и Струмица

Низ неколку критериуми ги споредивме официјалните веб станици на општините - Струмица и Свети Николе.

Дизајн:
Дизајнот на официјалниот веб портал за општина Свети Николе не би рекла дека е привлечен, но во споредба со порталот на општина Струмица е во значителна предност токму поради визуелноста и прегледноста која ја нуди. Можеби рекламите кои се понудени од двете страни на порталот се оние кои ја убиваат монотонијата на станицата. Дизајнот на официјалниот веб портал на општина Струмица воопшто не е привлечен, изгледа монотоно, премногу сериозно и оптеретно со информации. Нема никаква визуелизација и било како шаренило кое би ни го привлекло вниманието.
Фрекфенција на обнова на информации:
Информациите на страницата на општина струмица се фрекфентно апдејтираат на два/три дена, со оглед ан тоа што станува збор за станица која е под државна капа и главната цел и е да известува за слушувањата во месната зедница, овој период за обнова на информациите е прифатлив.
Страницата на општина Свети Николе не располага со никаква информација за датум и време. Ниту кога се случуваат настаните за кои се информира, ниту кога тие се ставени на порталот
Употреба на фотографии:
Порталот на општина Свети николе користи фотографии. Од градот, поважни места и културни белези на општината, како и фотографии од настаните за кои информира. Порталот на општина Струмица не користи никакви фотографии.
Останата мултимедија :
И двете страници користат видео слајд со фотографии на општините.
Отвореност кон корисниците :
На двата портали има простор да се постави прашање до градоначалникот,а на општина Свети Николе се поставени и информации за контакт : адреса и телефонски броеви.
Информативност :
Информации за активности и настани на општините има и на двете страни.
Управувачка структура :
Информациите можат да се пронајдат со кликнување на „Општински органи“ кое го имаат и двата веб портали.
Социјални мрежи : Не постои таква инфорамција на ниту една од страниците.
www.svetinikole.gov.mk
www.strumica.gov.mk