24.10.10

За веб страницата Sakamknigi.mk

Сакам книги е веб страница за сите вљубеници во книгите, за тие што сонуваат будно, за нашите илузии, мечти и избледени соништа. За сите што живеат во некој свој мал, волшебен свет, обидувајќи се што подолго да останат таму.
Книгите кои некогаш беа сметани за врв на човечката цивилизација полека тонат во заборав. Тоа е една од причините зошто главниот уредник Ивана Николовска ја создаде оваа страница.
Место каде што можеме да прочитаме рецензии на книги и да ја одбереме следната книга со која квалитетно ќе го исполниме времето но, повикани сме да се приклучиме на страницата преку коментари или дискусии, предлози, критики, оцени. А изборот е голем. Политички, правни, психолошки трилери, драми и романси, мистерии и авантури, митови и легенди, класици и психолошки книги, но и литература за деца.
Освен што можеме да прочитаме кратка содржина за некоја книга, можеме и ние да се вклучиме во тој процес и да напишеме статија за книга што ние сме ја прочитале. Сакам книги соработува со Издавачките центри Три и Ѓурѓа кои ги информираат читателите за своите попусти и промоции но и ги наградуваат за најдобро напишана статија.
Сакам книги е одлично организирана страница која со помош на страничните табови овозможува подобро да се запознаеме со информациите што се понудени, за книгата повторно да си го најде патот во нашата дневна рутина. Доколку не сте во можност да ја купите книгата која долго време посакувате да ја прочитате, страницата нуди листа со наслови кои може да ги превземете иако поголемиот дел се на англиски јазик. Но и зависниците од филмови нема да почувствуваат дека се наоѓаат на туѓа територија. Сакам книги ги нуди сите книги според кои има снимено филм, или во овој случај би било обратно. Сакам книги информира за сите филмови кои се снимени според книга.
И ако е така како што вели уредникот на страницата Таквите како НАС се малку одлепени во очите на другите, тогаш сите ќе се согласат со Paul Sweeney кој како автор ќе каже:
You know you've read a good book when you turn the last page and feel a little as if you have lost a friend.