19.10.10

Уметност од хартија на младата архитектка Павловска

Книжните кутии за подароци, необичните честитки со многу детали и картичките за подароци на младата креативка Марија Павловска се единствените изработени вакви предмети кај нас со техниката "гуилинг“. "Гарден МП“, нејзината интернет продавничка на социјалната мрежа "фејсбук" е единственото место каде може да се видат и купат овие производи.

- Браво, кога би правела свадба сигурно би соработувала со тебе... кутивчињата се феноменалн! Ова е само еден од коментарите кои секојдневно пристигнуваат на "Гарден МП“.


Сонциња, цветови, пеперутки, необични форми, по некое животинче, снегулки, заштитниот знак на клас и паун се само дел од хартиените апликации кои ги красат уникатните производи. Секое од нив е со своја сопствена приказна и значење.


Приказната која започна на "фејсбук", според коментарите на профилот на креативната работилница, ќе продолжи со отворање на сопствен продажен простор.


Марија Павловска во моментов работи на дипломскиот труд на Архитектонскиот факултет. Идејата за изработка на овие хартиени предмети потекнува токму од таму, од остатоците на макотрпната работа на зададените макети. Техниката ја учела на интернет, додека
хартијата на почетокот ја набавувала директно од Америка. Лично се усовршувала бидејќи оваа техника на виткање хартија во Македонија сеуште е непозната.


Павловска е единствената засега која ја користи и успешно ја совлада техниката. На својата страница Марија постојано добива позитивни критики од своите колеги - уметници.


Единствените критики се дека не смее да ги продава по толку евтина цена бидејќи ова е сепак уметност која бара трпение, време и голема посветеност.




Приказната на шарената градина започна само како споделување на својата креативност со пријателите на "фејсубк" а продолжува со успешна продажба и развивање на сопствен бизнис.