Заеднички експериментален блог на студентите од трета година на Високата школа за новинарство и односи со јавност
8.11.10
ЕВН пензионери, „Т-хоум“ разиграни како мали деца
Со оглед на тоа колку е користен денес интернетот, еден од најважните ако не и најважен елемент на промоција и реклама на една коорпорација, е токму веб платформата или нивната официјална веб страница.
Правиме споредба на двете веб станици на ЕВН и „Т-хоум“ според неколку критериуми. Нашата цел е да посочиме во кои правец треба да се уредуваат веб платформите и да воочиме дали нашите компании се во чекор со современото „веб новинарство“ и ПР.
Дизајн на веб локациите :
Дизајнот е она што го забележуваме прво како корисници кога ја посетуваме страницата.
Страницата на ЕВН има многу едноставен дизајн, за разлика од страницата на „Т-хоум“. Претпоставуваме дека тоа се должи на самата цел како компанијата сака да биде доживена. „Т-хоум“ се разиграни, ЕВН настапува многу посериозно.
Фрекфенција на обнова на содржините :
Со оглед на тоа што не станува збор за веб локации кои нудат информации од општ карактер, и двете станици користат само промоција на своите понуди и информации за корпорацијата. Ваквиот пристап на веб платформата не бара фрекфентно менување на содржината.
Употреба на фотографија :
На корисниците им е потребна визуелизација за да ги привлече понудената содржина.
ЕВН нема да може да го постигне тоа затоа што користи само по една фотографија која нема ништо посебно на неа, ниту лично е привлечна за око. „Т-хоум“ од друга страна се разиграни и полни со фотографии кои на необичен начин ја носат својата порака.
Употреба на останата мултимедија :
Веб платформата значително може да се збогати со видео и аудио ефекти, кои за жал на веб локацијата на ЕВН не можат да се пронајдат, можеби една од најголемите компании во Македонија нема доволно пари за „веб дотерување“. „Т-хоум“ имаат цела платформа исполнета со банери кои имаат мултимедиа во себе, се движат, играат низ екран, не задржуваат на страницата.
Отвореност кон корисниците :
„Т-хоум“ нуди ширко отворени врати за прашањата на корисниците. Со еден клик на „корисничка подршка“ добиваме цела страница со контакти. Овојпат и ЕВН следи во секој чекор. Можеби дури на ова поле се и подобри , ако за се друго се монотони и серизони, просторот за контакт е разигран со интерактивна карта.
Информативност :
И на двете веб страници можеме да се добро информираме за работата на компаниите и нивните промотивни пакети. Меѓутоа „Т-хоум“ е за нијанса подобар во тоа, кај него не е потребно многу кликање и шетање низ страницата за да се дојде до информациите.
Транспарентност на менаџмент :
За среќа во секое време можеме да дознаеме кој работи и кој ги држи менаџерските позиции во компаниите. На ЕВН страницата за тоа ни е потребено само едно кликање, „Т-хоум“ не носат на нова веб локација.
Интеграција на социјални мрежи :
ЕВН очигледно сеуште не верува во моќта на социјалните мрежи. „Т-хоум“ има своја ФБ страница и ги користи бенефициите кои ги нудат социјалните мрежи за промоција и контакт со своите корисници.
Овде завршува нашата анализа, се надеваме дека во иднина не само ЕВН и „Т-хоум“ , туку и сите останати корпорации ќе научат да ги користат бенефициите на добрата и квалитетна веб платформа.