Користењето на Интернет медиумот е се популарен со текот на годините. Во современиот свет продавачите ги користат веб страните за публицитет на нивните компании. Затоа атрактивните дизајнирање на веб страната е од суштинско значење за привлечност максимална сообраќај кон веб страната. Така страните на новинската интернет агенција „Нет прес“ и информативниот портал „Журнал“, наизглед привлечни, со различно име, но со иста цел, продавање информации.
Дизајн
Веб страната со добар веб дизајн е само половина успешна приказна. Постои една модерна реченица „Содржината е кралица“, а веб дизајн -от е крал“.
И да се префрлам на она што е моја задача. Дизајнот на веб страна на новинската агенција „Нет Прес“ во Македонија не може да се каже дека во целост го има вниманието на читателот. Можеби тоа што нема реклами од страните ја воведува монотонијата на ова веб страна. Но и малкуте информации на почетната страна праваат оваа страна да изгледа сиромашна. И додека „Нет Прес“ убива со единичноста во дизајнот на почетната страна, дизајнот на веб страната на порталот „Журнал“ нуди еден поинаков „жежок старт“, полн со живост, реклами и многу информации.
Фреквенција на обнова на содржините
Поради приородата на нивното постоење и двете веб страни се ажурираат секојдневно. Новите, свежи информации секогаш се први, што е особеновидливо на страната на „Журнал“, додека на „Нет прес“ на почетната страна ги има само новите информации, односно вестите на денот.
Употреба на фотографија и мултимедија
Секоја вест треба да има фотографија и видео за информацијата да биде визуелно подостапна. Она што е важно е дека според некои статистики дури 79% од читателите на интернет, прво скенираат, па после читаат и нивното внимание повеже се задржува токму на фотографијата и видеото.
Оригинални содржини
„Нет Прес“ е новинска интернет агенција и поради тоа нивните вести се оригинални, додека на порталот „Журнал“ можеме да видиме нивни авторски, но и преведени вести, најчесто од интернет страната „Daily Mail“.
Архива пребарување
Архивата на „Нет прес“ е по година, месец и ден, што ја прави и застарената информацијата достапна за читателите, но и полесна е за пребарување. Додека „Журнал“ е прилично недостапна интернет страна во овој поглед.
Социјални мрежи
На страната на „Журнал“ има директен пристап до „facebook“, додека