8.11.10

E -репортер vs Курир












Споредба на веб страници по дизајн, содржина, мултимедија, ахива и останати карактеристики.

Е - репортер е приватна новинска агенција која има за цел да ги сочува и промовира стандардите на професионалното и непристрасно новинарство. Курир е интернет медиум кој известува за сите актуелни настани. Информативни сајтови кои опфаќаат повеќе области.

Дизајн

Новинската агенција Е -репортер и информативниот сајт Курир навидум изгледаат како сајтови кои нудат информации од различни области и поинаква тематика. Предноста во дизајнот ја има новинската агенција која е подобро организирана со табови кои се од определена област и овозможуваат полесно да се дојде до бараната информација. Курир иако користи табови сепак делува несредено и се губи погледот со табот каде се апдејтираат најновите вести и хоринзонталните фотографии.


Обнова на содржина

Фреквенцијата на обнова на содржините на двата сајта покажува постојано ажурирање. Најлесен и најбрз начин е да се види преку часовникот веднаш под насловот, во случајот на Е- репортер или над насловот во информативниот сајт Курир каде ја има информацијата кога била освежена страницата. Полесен начин за најнови и апдејтирани информации е табот кој го имаат двете страници каде се најновите и најчитаните вести за тој ден. Предноста во овој случај ја има Курир бидејќи користи RSS канал кој овозможува да се претплатиме на информациите кои ни се потребни, додека новинската агенција не ја има таа опција.

Употреба на фотографии

Двете веб страници користат фотографии за сите вести кои се приложени со тоа што Е - репортер се користи со архивски фотографии, додека Курир прикачува фотографии кои се сликани за таа вест. Друга заедничка карактеристика е што сајтовите се служат со хоринзонтални фотографии од различни области кои не се статични и се менуваат на неколку секунди.

Употреба на мултимедија

Употреба на видео покрај постоечките фотографии е карактеристика на информативниот сајт Курир кој презентира одредени информации преку видео и текст а кои се сместени во табот под името на сајтот. Новинската агенција не се служи со видео информации туку само со новински извештаи.


Импресум

Импресумот на Курир е лесно забележлив и се наоѓа на дното на страницата, додека Е- репортер го сместил импресумот во Контакт.


Оригинални содржини

Оригиналните содржини се карактеристика на новинската агенција Е- репортер која ја има таа должност да информира. Курир во овој случај има нетранспарентен пристап каде не можеме да знаеме дали се работи за агенциска или авторска вест. Ист е случајот со вестите од светот за кои не е наведено од која агенција се превземени.

Архива

Новинската агенција Е - репортер се служи со класичната Архива која може да се кликне и да се пребарува по датум, месец, година и област што би можела да биде корисна алатка при пребарување на некоја вест. Веб страницата Курир нема архива.

Пребарување

Единствената заедничка карактеристика на двете страници е што се користат со табот за пребарување, односно Search табот кој понекогаш е покорисна алатка од Архивата која во овој случај Курир ја надокнадува со пребарувач. Кога би се направило споредба на пребарувачите, Курир може да се пофали со прилично корисен пребарувач кој има параметри за пребарување а Е- репортер ги дава само вестите кој го содржат зборот кој е внесен во пребарувачот.

Социјални мрежи