8.11.10

Споредба на веб-страниците ЕВН Македонија и Т-хоум Македонија

Анализа на Веб-страницата на ЕВН Македонија

Дизајнот на веб-страната ЕВН Македонија, е лош пример за дизајн на веб страна. Многу едноставна страна која не е многу забавна, навигациите се едноставни и дизајнот е едноставен.
Навигациите се вертикално поставени, и многу е истакната белината на оваа веб-страница.

Содржините се стари, немаат никаква информациска цел со веб-страницата, информациите не се обновуваат, не се ни привлечни за корисниците.
Веб -страницата на ЕВН Македонија , има само една фотографина која е голема привлекува внимание, но не опишува ништо доколку не го прочитаме краткиот наслов на сликата, па така ќе дознаеме што сакаат да кажат со сликата.

Нема мултимедија во нивната веб-страница, нема фотографии кои привлекуваат внимание, ЕВН Македонија иако е корпорација за електрична енергија, сепак би било поубаво доколку нивната страна би била малку подинамична, попривлечна, бидејќи вака изгледа мртва.

Свесни сме за тоа дека во ова модерно време за да бидеме привлечни и оригинални мора да имаме мултимедија, особено за ваква голема корпорација. Имаат отвореност кон корисниците, на хоризонталната навигација има контакти каде се појавува картата на Република Македонија, и на неа се обележани сите дирекции од сите градови во Македонија, и само со еден клик се прикажува со фотографија местото на дирекцијата лични контакти и адреса на локацијата.

Меѓутоа ЕВН Македонија не е отворена во смисла на оставање коментари или форум на граѓаните во врска со нивните услуги или нивната работа. Веб-страницата има навигација, но доколку кликнеме на нив нема никаква информација да добиеме во врска со нивната работа односно, за услугите кои тие ги нудат или слично.

Менаџментот на ЕВН Македонија, е транспарентен за пребарувачите тие можеме да ги најдеме во навигацијата претставени со фотографија хиерахиски од врвниот менаџмент надолу, има о
сновни информации за нив и нивното образование.

Нема навигација за некаква социјална мрежа или форум, на нивната веб-страница, со тоа ни кажуваат дека ЕВН Македонија не сакаат да читаат критики ниту пофалби за нивната корпорација.






Анализа на веб-страницата на Т-хоумМакедонија


Дизајнот на веб-страницата на Т-хоум Македонија е интересен и забавен тие секогаш се креативни во тоа како изгледа нивниот веб сајт.
Имаат лесни навигации, со кои лесно можеш да го најдеш тоа што го бараш.