8.11.10

ЕВН против Т-хоум

Како да познаеме која компанија се посветува на квалитетот на презентирање преку својата Интернет локација, а која тоа до прави на принципот „колку да се има“? Одговорот на ова прашање лежи во анализата на локациите на овие компании на Интернет според определини принципи. 
Таква анализа направивме на две компании кои според големината се во иста категорија, но за жал според презентацијата се разликуваат во „светлосни години“. Компаниите што ги анализираме се ЕВН макединија и Т-хоум Македонија.


Дизајн
На прв поглед се забелешува дека и едните и другите користат и верикални и хоризонтални мениа за да ги стават сите информации достапни на првата страна. ЕВН е со фиксна големина од 937 пиксели широчина, на левата страна, што е некаков меѓустандард со желба за оптимизирање на 1024 пиксели. Ова е непотребно губење на простор и неоправдан избор на големина. Т-хоум користи комбинација на фиксна и динамична големина добро оптимизирана на 1024 пиксели. Динамичноста е искористена за еден страничен банер да влезе во видното поле кај корисници со поголеми резолуции од 1024 пиксели. Ова е инвентивно користење на форматите.
Јасната архитектура е јака страна само на Т-хоум.
Визуелниот впечаток е дека од адпект на дизајн ЕВН не се потрудиле многу. Избраниот тип на букви и недостатокот на дизајн во копчињата за навигација покажуваат несериозност што не е достојно за компанија од овој калибар.
Навигацијата кај Т-хоум е олеснета и со мапа на сајтот во футерот на интернет локацијата.

Фрекфенција на објава на содржините
ЕВН има посебен дел за новинари наречен Прес кој збунувачки е поставен хоризонтално. Датите на објави се видно поставени. Кај Т-хоум тенденција е на првата страна да ги има промоциите што се во моментов, а информациите што ги генерира компанијата се на посебен линк наречен Македонски телеком.

Употреба на фотографија
Централната фотографија на ЕВН е статична на која се позиционирани линкови. Т-хоум користи флеш анимација за привлекување на погледот на читателот. ЕВн користи една голема фотографија, додека Т-хоум има три различни димензии (калапи) за фотографиите.
Употреба на останата мултимедија
Користењето на визуелните сретства е различно. ЕВН не користи сруга мултимедија, а Т-хоум има само флеш анимации. Изненадувачки е што еден Т-хоум нема поставено видео презентации, иако еден дел од дејноста е ТВ дистрибутер.

Отвореност кон корисниците
Корисниците на ЕВН неможат директно да комуницираат. Достапни им се само адреси и телефонски броеви. Нема директна форма за праќање или место за оставање на коментари.
Локацијата на Т-хоум нема комуникација со корисниците. Сите вакви информации и комуникациии е поставена во делот Македонски телеком и тука е ставена само адресата.
Во секој случај и двата сајта имаат недостаток на комуникација со корисниците.

Информираност
Двата сајта изобилуваат со информации, но се разликуваат во тоа што кај ЕВН сите информации се за компанијата, а Т-хоум е презентационен за производите и дејноста, а информациите за компанијата се на посебно место.

Транспарентност на менаџментот
Транспарентност на менаџментот постои само кај Т-хоум ако го побараме во делот Македонски телеком. Воопшто транспарентноста на оваа компанија е поголема со тоа што ни даваат увид во дел од документите за стратегија, усогласување, ХР...

Интеграција со социјални мрежи
Т-хоум нема јавно претставување на социјалните мрежи. Нема директно копче за поврзување со Фејсбук. Меѓутоа има креирано група на љубители на услугите на Т-хоум и од тука врши презентирање.
ЕВН има група која не им функционира и на која нема информации за компанијата.

Се на се изгледа дека Т-хоум има поголема свест за презентирање на Интернет, што е логично поради дејноста што ја прави.