Уставот пред ремонт е прашањето кое Дневник го поставува на денешната страница. Се задржува на мислењето на стручните лица за предлогот да се направат измени во Уставот. Кога веќе се отвора Уставот, да го направиме тоа во пакет, а не да менуваме одредба по одредба, па потоа да се чудиме, е напишано понатаму во текстот како дел од изјавата на професорот по казнено право на Правниот факултет, Гордан Калајџиев.
Иако со краток текст, „Дневник“ насловната ја посветува и на затворањето на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и откажувањето на речиси сите полетувања и слетувања поради густата магла. Како што пишува, дел од авионите биле вратени назад а некои се пренасочиле во Охрид.
Иако со краток текст, „Дневник“ насловната ја посветува и на затворањето на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и откажувањето на речиси сите полетувања и слетувања поради густата магла. Како што пишува, дел од авионите биле вратени назад а некои се пренасочиле во Охрид.
Вечер
Граѓаните не им веруваат на СДСМ и А1 манипулира со тутунарите. Тоа се двете главни теми на кои се задржува Вечер дури и на насловната страница. Како што пишува денес, А1 и весниците од кланот на Рамковски агресивно сакаат да ја соборат Владата. Се наведува и последното истражување за довербата на граѓаните за која политичка партија ќе гласаат ако се одржат предвремени извори.
Весникот исто така наведува дека има манипулација со процесот на откупот на тутунот. Според „Вечер“ во годините на владеење на СДСМ, тутунарите од државата не добиле ниту денар субвенција за тутунот што го продале.
Вест
Како и секогаш поразличен од другите, „Вест“ за главна вест ја поставува професионалната танчерка Електра според која политичарите и бизнисмените кај кои настапувала не сакаат да вложат во нејзината музичка кариера туку само си плаќаат за нејзиниот настап од 100 евра. Поисплатливо, како што пишува весникот, е да игра за печалбарите отколку за македонските политичари.
„Вест“ пишува и за коледарското будење на премиерот Никола Груевски на инсистирање од третата група деца кои пееле во неговиот стан. Тоа утро обезбедувањето на Груевски добило наредба да ги пушта децата коледари слободно да влезат во зградата каде живее премиерот.
Утрински весник
Најновиот број на овој весник во фокусот ја поставува темата за владиниот третман на абортусот. Како што пишува „Утрински весник“, Владата пушти реклама што предупредува колку е опасен абортусот, што отвора сомнежи за повторни обиди за негово забранување. Се наведува дека ако првата кампања беше насловена дека абортсуот е убиство, најновата е похумана и се вика „Избери живот“. Владата, веројатно, била поучена од искуството со претходната кампања, која беше дочекана на нож од експертите за човекови права.
Денешниот број на весникот ја обработува и темата за случајот “Пајажина„. Според напишаното истрагата по празниците продолжува со истиот интензитет а ќе се проверат и запечатените магацини на „Перо Наков“. Паралелно, на случајот „Пајажина“ се работи и во Управата за јавни приходи, како и во Министерството за внатрешни работи.
Нова Македонија
Новиот број на „Нова Македонија“ обработува истражувачка тема за тоа колку ги чинат на граѓаните користењето на услугите на нотарите, адвокатите и извршителите. Како што наведува весникот на граѓаните ова ги чини од илјада до стотици илјади евра, во зависност од природата на услугата. Нема услуга што чини помалку од 1.000 денари.
Уште една примамлива тема на наслованата е дека наставниците во Македонија продолжуваат со своите класични предавања. „Нова Македонија“ наведува дека ништо не се променило иако од 2002 до 2008 година од УСАИД беше спроведен проект за креативно учење и интерактивна настава кој чинеше 3.5 милиони долари.
Шпиц
Во пресрет на преговарачкиот состанок за деценискиот спор меѓу Македонија и Грција, денешен „Шпиц“ пишува дека премиерот Никола Груевски е „умерен оптимист“. Тој посакува решение, но не е сигурен дали тоа го сака и Грција. Се наведува и информацијата од политичкиот магазин „Публика“, кој повикувајќи се на упатени извори, пишува дека земјава предложила три предлози со географска одредница во заграда, што за Грција е неприфатливо, инсистирајќи одредницата да биде меѓу зборот Република и Македонија.
Уште една информација објавена во овој број е изјавата на Дејан Рациќ од „Делта холдинг“ една од најголемите компании во регионот за нивната идеја да се инвестира повеќе од 100 милиони евра во Македонија а Владата на Груевски не им дозволила.