10.1.11


Денешниот број на “Дневник„ информира за затворениот авиосообраќај на скопскиот аеродром каде сите полетувања и слетувања се откажани поради
густата магла. Иако маглата не предизвикува поголеми проблеми во патниот сообраќај, аеродромот "Александрар Велики" во Скопје веќе пренасочил нек
ои летови во Охрид а некои биле вратени додека не се нормализираат временските услови.






Вечер„ информира за протестите на тутунарите незадоволни
од откупната цена за тутунот кои гневот го истураат на погрешна адреса со барања за јавни пари од буџетот како компензација за партиските митинзи. Според анализата на весникот, фактите се поинакви, каде драматичните протестите на тутунарите се компензација за партиските митинзи кои ги водат луѓе со
криминални досиеја.





Во денешниот број на весникот “Вест„ ќе можете да прочитате за коледарското утро на премиерот Груевски кој бил насамарен од комшиите. Коледарите биле
упорни и инсистирале да се разбуди премиерот кој се вратил во 5.30 изутрината откако завршила владината седница. Толерантното обезбедување ги пуштило коледарите во влезот каде сопругата Боркица ги поделила коледарските дарови.





Нова Македонија„ пишува за професорите кои не се откажуваат од класичниот начин на предавање и одбиваат да применуваат интерактивна настава во образованието иако УСАИД потрошиле околу 3.5 милиони долари за креативно учење.
Весникот повторно збори за пари, каде не потсеќа за судските услуги. Граѓаните кои имаат потреба од нотар, адвокат или извршител треба добро да си го наполнат паричникот бидејќи нема услуга што чини помалку од 1000 денари.