„Дневник“
Главна тема на весникот е можната промена на уставот на Република Македонија и на затворениот скопски аеродром поради густата магла. Сите летови беа пренасочени во охридскиот аеродром. Исто така акцент ставија и на сексуалната ориентација зашто ја нема во уставот.
„Утрински Весник“
Како главна тема на весникот е владината политика во однос на прашањето околу абортисот. се наведуваат влчадините реклами за промовирање на избирање живот и дека не треба да се абортира. Дека бременоста може да предизвика стерилитет, сепса и други сериозни здравствени последици кај жените, па дури и смрт. За речиси две години ова е втора едноподруго агресивна кампања што се води против абортусот.
„Вест“
Весникот стави акцент на скржавоста на политичарите преку еден несекојдневен пример преку професионалната танчарка и пејачка Данче Л. од Струмица, попозната како Електра која ги крена на нозе гастарбајтерите од струмичко на печалбарската вечер. Таа вели дека политичарите се скржави и кога ужуваат во уживање на стѕомачниот танц им е добро но кога ке се фатат за џебот е тогаш некако им се лоши.
„Вечер“
Весникот стави акцент на тоа дека само Велија Рамковски сопствениикот на А1 телевизија и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски веруваат во победа ако се случат предвремени парламентарни избори. И дека тутунарите кои протестираат беа партиски активисти на СДСМ и дека никоја влада освен оваа на Никола Груевски не им давала поголеми субвенции на земјоделците посебно на тутунарите.
„Шпиц“
Весникот на насловна страница стави дека нашиот премиер Никола Груевски ги погреба преговорите со Грција околу спорот со името уште и пред да се случи средбата. Исто така голем акцент ставија и на проблемот со откупот на тутунот и тешкотиите на тутунарите. Весникот анализира дека премиерот треба да престане да си игра мајтап со маката на тутунарите.
„Нова Македонија„
Весникот наведува дека наставниците не се откажуваат од класичниот начин на предавање, иако за проект за креативно учење УСАИД, во периодот од 2002 до 2008 година, потрошила 3,5 милиони долари за да ги научи како да применуваат интерактивна настава. Весникот вели дека наставниоците си тераат по старо и дека не се спремни за било какви промени во нивниот начин на предавање.