21.1.11

Преглед на дневниот печат

„Дневник“

Дневник во денешниот број малку подетално навлегува во клипот кој изминативе денови беше хит на youtube, масовната тепачка за крстот на Водици. Во другите
вести Дневник известува за оксидираните споменици на Гоце и Даме и нивното конзервирање во Италија, како и за поскапувањето на лебот. Во sidebar-от има најава за анализата на утрешна Публика во врска со односите кои нашите премиери ги имаат воспоставено со диктаторски режими.








„Утрински весник“

Утрински исто така ја пренесува информацијата за оксидираните споменици, додека на прво место е лустрацијата во Уставниот суд, наездата на грипот и забуната околу верските празници. Тутунарите паузираат со протести до понеделник, а политичките лидери и претседателот се среќаваат во ловиштето „Јасен“.











„Вечер“

Вечер пренесува дека Македонија има највисока цена на тутун во регионот, веста дека Каролина ќе се бори за Оскар на популарноста со Џибони и Парни Ваљак, како и новоста дека Македонија не продолжува во трката за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.













„Вест“

Вест пак, објаснува дека запуштените малолетници дуваат лепак поради недостиг од љубов, дека Тони Зен ќе висел од јажиња на неговиот следен концерт и дека американскиот претседател Обама одржал државничка гала-вечера за кинескиот претседател Ху Џинтао.

















„Нова Македонија„

Нова Македонија пренесува резултати од анкета која ја покажува разликата меѓу рејтингот на СДСМ како партија и Бранко Црвенковски како нејзин лидер, можни стратегии во преговорите за името, прислушувањето во Македонија и состојбата со приватните детективи во земјава.

Анализа на веб страната на Вип операторот


Менаџерскиот тим на Вип се одлучила за веб страница која пред се гради лојалност, односно доближување до своите корисници како и потикнување на поголема продажба на своите производи.

Дизајнот на веб страна е едноставна, чиста, нестадардна навигација лесна за користење и наменета за една поширока целна публика од 18-45 (страната е наменета за сите кои користат телефони, поширока јавност ) иако според Алекса страница најчесто ја посетувант млади од 18-24 од женскиот пол.

На веб страницата може да се забележи и директна врска со профилите на социјаните мрежи како што се фејзбук, твитер и јутјуб, што значи дека Вип си ја познава целната група но може да поработи маку повеќе на дизајнот, по жив дизајн и по интерактивен.

Слаб комуникацискиот микс користи Вип на веб страната.
Реклама на нов производ -Дел таблет комјутер
Користи промоција на продажба - производи, новитети, поволности

Стратешки парнерства може да гради со компании кои произведуваат уреди (телефонии, копјутери, додатна опрема)

Пример за кропирање


Кропирано на picnik.com

10.1.11

Преглед на дневниот печат

Дневник

Уставот пред ремонт е прашањето кое Дневник го поставува на денешната страница. Се задржува на мислењето на стручните лица за предлогот да се направат измени во Уставот. Кога веќе се отвора Уставот, да го направиме тоа во пакет, а не да менуваме одредба по одредба, па потоа да се чудиме, е напишано понатаму во текстот како дел од изјавата на професорот по казнено право на Правниот факултет, Гордан Калајџиев.

Иако со краток текст, „Дневник“ насловната ја посветува и на затворањето на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и откажу
вањето на речиси сите полетувања и слетувања поради густата магла. Како што пишува, дел од авионите биле вратени назад а некои се пренасочиле во Охрид.




Вечер

Граѓаните не им веруваат на СДСМ и А1 манипулира со тутунарите. Тоа се двете главни теми на кои се задржува Вечер дури и на насловната страница. Како што пишува денес, А1 и весниците од кланот на Рамковски агресивно сакаат да ја соборат Владата. Се наведува и последното истражување за довербата на граѓаните за која политичка партија ќе гласаат ако се одржат предвремени извори.

Весникот исто така наведува дека има манипулација со процесот на откупот на тутунот. Според „Вечер“ во годините на владеење на СДСМ, тутунарите од државата
не добиле ниту денар субвенција за тутунот што го продале.




Вест

Како и секогаш поразличен од другите, „Вест“ за главна вест ја поставува професионалната танчерка Електра според која политичарите и бизнисмените кај кои настапувала не сакаат да вложат во нејзината музичка кариера туку само си плаќаат за нејзиниот настап од 100 евра. Поисплатливо, како што пишува весникот, е да игра за печалбарите отколку за македонските политичари.
„Вест“ пишува и за коледарското будење на премиерот Никола Груевски на инсистирање од третата група деца кои пееле во неговиот стан. Тоа утро обезбедувањето на Груевски добило наредба да ги пушта децата коледари слободно да влезат во зградата каде живее премиерот.




Утрински весник

Најновиот број на овој весник во фокусот ја поставува темата за владиниот третман на абортусот. Како што пишува „Утрински весник“, Влад
ата пушти реклама што предупредува колку е опасен абортусот, што отвора сомнежи за повторни обиди за негово забранување. Се наведува дека ако првата кампања беше насловена дека абортсуот е убиство, најновата е похумана и се вика „Избери живот“. Владата, веројатно, била поучена од искуството со претходната кампања, која беше дочекана на нож од експертите за човекови права.

Денешниот број на весникот ја обработува и темата за случајот “Пајажина„. Според напишаното истрагата по празниците продолжува со истиот интензитет а ќе се проверат и запечатените магацини на „Перо Наков“.
Паралелно, на случајот „Пајажина“ се работи и во Управата за јавни приходи, како и во Министерството за внатрешни работи.



Нова Македонија

Новиот број на „Нова Македонија“ обработува истражувачка тема за тоа колку ги чинат на граѓаните користењето на услугите на нотарите, адвокатите и извршителите. Како што наведува весникот на граѓаните ова ги чини од илјада до стотици илјади евра, во зависност од природата на услугата. Нема услуга што чини помалку од 1.000 денари.

Уште една примамлива тема на наслованата е дека наставниците во Македонија продолжуваат со своите класични предавања. „Нова Македонија“ наведува дека ништо не се променило иако од 2002 до 2008 година од УСАИД беше спроведен проект за креативно учење и интерактивна настава кој чинеше 3.5 милиони долари.




Шпиц

Во пресрет на преговарачкиот состанок за деценискиот спор меѓу Македонија и Грција, денешен „Шпиц“ пишува дека премиерот Никола Груевски е „умерен оптимист“. Тој посакува решение, но не е сигурен дали тоа го сака и Грција. Се наведува и информацијата од политичкиот магазин „Публика“, кој повикувајќи се на упатени извори, пишува дека земјава предложила три предлози со географска одредница во заграда, што за Грција е неприфатливо, инсистирајќи одредницата да биде меѓу зборот Република и Македонија.

Уште една информација објавена во овој број е изјавата на Дејан Рациќ од „Делта холдинг“ една од најголемите компании во регионот за нивната идеја да се инвестира повеќе од 100 милиони евра во Македонија а Владата на Груевски не им дозволила.

Денешниот број на “Дневник„ информира за затворениот авиосообраќај на скопскиот аеродром каде сите полетувања и слетувања се откажани поради
густата магла. Иако маглата не предизвикува поголеми проблеми во патниот сообраќај, аеродромот "Александрар Велики" во Скопје веќе пренасочил нек
ои летови во Охрид а некои биле вратени додека не се нормализираат временските услови.






Вечер„ информира за протестите на тутунарите незадоволни
од откупната цена за тутунот кои гневот го истураат на погрешна адреса со барања за јавни пари од буџетот како компензација за партиските митинзи. Според анализата на весникот, фактите се поинакви, каде драматичните протестите на тутунарите се компензација за партиските митинзи кои ги водат луѓе со
криминални досиеја.





Во денешниот број на весникот “Вест„ ќе можете да прочитате за коледарското утро на премиерот Груевски кој бил насамарен од комшиите. Коледарите биле
упорни и инсистирале да се разбуди премиерот кој се вратил во 5.30 изутрината откако завршила владината седница. Толерантното обезбедување ги пуштило коледарите во влезот каде сопругата Боркица ги поделила коледарските дарови.





Нова Македонија„ пишува за професорите кои не се откажуваат од класичниот начин на предавање и одбиваат да применуваат интерактивна настава во образованието иако УСАИД потрошиле околу 3.5 милиони долари за креативно учење.
Весникот повторно збори за пари, каде не потсеќа за судските услуги. Граѓаните кои имаат потреба од нотар, адвокат или извршител треба добро да си го наполнат паричникот бидејќи нема услуга што чини помалку од 1000 денари.





„Дневник

Главна тема на весникот е можната промена на уставот на Република Македонија и на затворениот скопски аеродром поради густата магла. Сите летови беа пренасочени во охридскиот аеродром. Исто така акцент ставија и на сексуалната ориентација зашто ја нема во уставот.

„Утрински Весник“

Како главна тема на весникот е владината политика во однос на прашањето околу абортисот. се наведуваат влчадините реклами за промовирање на избирање живот и дека не треба да се абортира. Дека бременоста може да предизвика стерилитет, сепса и други сериозни здравствени последици кај жените, па дури и смрт. За речиси две години ова е втора едноподруго агресивна кампања што се води против абортусот.

„Вест“

Весникот стави акцент на скржавоста на политичарите преку еден несекојдневен пример преку професионалната танчарка и пејачка Данче Л. од Струмица, попозната како Електра која ги крена на нозе гастарбајтерите од струмичко на печалбарската вечер. Таа вели дека политичарите се скржави и кога ужуваат во уживање на стѕомачниот танц им е добро но кога ке се фатат за џебот е тогаш некако им се лоши.

„Вечер“


Весникот стави акцент на тоа дека само Велија Рамковски сопствениикот на А1 телевизија и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски веруваат во победа ако се случат предвремени парламентарни избори. И дека тутунарите кои протестираат беа партиски активисти на СДСМ и дека никоја влада освен оваа на Никола Груевски не им давала поголеми субвенции на земјоделците посебно на тутунарите.

„Шпиц“

Весникот на насловна страница стави дека нашиот премиер Никола Груевски ги погреба преговорите со Грција околу спорот со името уште и пред да се случи средбата. Исто така голем акцент ставија и на проблемот со откупот на тутунот и тешкотиите на тутунарите. Весникот анализира дека премиерот треба да престане да си игра мајтап со маката на тутунарите.

„Нова Македонија„

Весникот наведува дека наставниците не се откажуваат од класичниот начин на предавање, иако за проект за креативно учење УСАИД, во периодот од 2002 до 2008 година, потрошила 3,5 милиони долари за да ги научи како да применуваат интерактивна настава. Весникот вели дека наставниоците си тераат по старо и дека не се спремни за било какви промени во нивниот начин на предавање.