18.10.10

За веб страницата ИДИВИДИ

Идивиди "www.idividi.com.mk" е забавно - информативен македонски сајт чија првична идеја е пренесување информации кои ќе забавуваат и релаксираат.



Од вкупно седумте рубрики: вести, бизнис, стил, спорт, забава, здравје и футурама, четири се специјализирани само за занимливи содржини настрана од сите политички, економски и социјални случувања во земјата и странство. Всушност само текстовите од тие рубрики се подготвени од тимот на оваа интернет страница, сите други информации се преземени од информативната агенција МИА.


Навидум сајтот изгледа целосно организиран, но разгледувајќи ја поставеноста на информациите на моменти збунуваат странично објавените вести бидејќи не e секогаш јасно зошто се таму. Дали се најчитани, дали се најнови или пак се најатрактивни!?


Покрај ваквите информациите "идивиди" нуди и дополнителни содржини. Тука може да користите речник, да слушате некое од македонските и странските интернет радија за сечиј вкус, временска прогноза, курсна листа, резултати од натпревари, хороскоп и уште неколку дополнителни линкови.


Добро е што на сајтот има многу содржини но тоа често знае да ги збуни читателите бидејќи не е специјализирана интернет страница.


На насловната страница секогаш на прво место се информациите од рубриката “забава”. Акцентот секогаш е ставен на домашните и странските шоу бизнис информации а сите останати вести се наоѓаат подолу.


Навистина е добро што на секоја информација стои нејзиниот извор и датум на објавување што е недостаток за некои од домашните интернет страници.