21.1.11

Преглед на дневниот печат

„Дневник“

Дневник во денешниот број малку подетално навлегува во клипот кој изминативе денови беше хит на youtube, масовната тепачка за крстот на Водици. Во другите
вести Дневник известува за оксидираните споменици на Гоце и Даме и нивното конзервирање во Италија, како и за поскапувањето на лебот. Во sidebar-от има најава за анализата на утрешна Публика во врска со односите кои нашите премиери ги имаат воспоставено со диктаторски режими.








„Утрински весник“

Утрински исто така ја пренесува информацијата за оксидираните споменици, додека на прво место е лустрацијата во Уставниот суд, наездата на грипот и забуната околу верските празници. Тутунарите паузираат со протести до понеделник, а политичките лидери и претседателот се среќаваат во ловиштето „Јасен“.











„Вечер“

Вечер пренесува дека Македонија има највисока цена на тутун во регионот, веста дека Каролина ќе се бори за Оскар на популарноста со Џибони и Парни Ваљак, како и новоста дека Македонија не продолжува во трката за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје.













„Вест“

Вест пак, објаснува дека запуштените малолетници дуваат лепак поради недостиг од љубов, дека Тони Зен ќе висел од јажиња на неговиот следен концерт и дека американскиот претседател Обама одржал државничка гала-вечера за кинескиот претседател Ху Џинтао.

















„Нова Македонија„

Нова Македонија пренесува резултати од анкета која ја покажува разликата меѓу рејтингот на СДСМ како партија и Бранко Црвенковски како нејзин лидер, можни стратегии во преговорите за името, прислушувањето во Македонија и состојбата со приватните детективи во земјава.