27.9.10

Астибо за модерна и урбана жена


Во преубавиот амбиент на старата скопска чаршија македонскиот бренд Астибо докажа дека македонските потрошувачи може да веруваат во македонските брендови.

Астибо ја промовираше најновата колекција ЕСЕН- ЗИМА 2010/11,модниот дизајнер од Хрватска Ана Љубичиќ создаде креации кои како што вели имаат за цел секоја жена да се пронајде во нив.
„Во Астибо ми е инспирација тимот на млади луѓе кои во себе имаат голема желба и голем ентузијазам да од брендот Астибо кој се надевам е веќе познат во Македонија уште повеќе да го усовршат и да го приближат на македонската жена“ – изјави Ана Љубичиќ.
Носителот на брендот Астибо, генералниот менаџер на „БЕАС- С“ Бети Санева потврди дека новата зимска колекција е само дел на се она што Астибо ќе го понуди.