8.6.11

Анализа на веб страницата на Туристичката агенција Игуана


Една од водечките компании за туризам е Игуана - турс, бидејќи е една од првите туристички агенции во Република Македонија. Оваа агенција е воедно членка, и една од туристичките компании Основачи на Стопанската Комора за Туризам во Македонија.

Овој сајт е ориентиран кон услужни дејности , и има за цел да изгради добри односи и лојалност со своите клиенти. Прусуството на 20 години на пазарот, е релативно голем период, и затоа агенцијата има за цел да ги задржи постојаните клиенти, и секако да освојува нови.

Можеме да забележиме дека преку блогот, им ја олесува одлуката на клиентите, односно за понудите од одредени дестинации има интересни текстови. Клиентите посебно го ценат овој труд, бидејќи автомацки им ги намалуваат трошоците за време.

Уште на самиот почеток можеме да забележиме присуство на facebook, you tube i Twitter.

Комуникацискиот микс е прилично добар, дизајнот е прилично чист и прегледен. Бројот на присутните потрошувачи е директно мерлив. Вебот располага со пребарувач, нуди можност за онлајн купување, постои конвертор, каде што заинтересираните клиенти можат да ја пресметаат сумата на аранжманот.

Бидејќи станува збор за туристичка агенција, таа може да склучува партнерста со агенции од нови дестинации.