„Дневик“
Дневниот весник „Дневни“ во денешниот број пишува за придонесите во здравството, односно за нервозната атмосфера поради долгите редици на пациенти во Клиниката за радиологија за снимање на магнетна резонанца. Во останатите вести, „Дневник известува за јавни информации од државни институции кои се нецолосни и за кои не се почитува законскиот рок. Исто така овој дневен весник на наслованата пишува и за новиот земјотрес во Јапонија“, од низата земјотреси кои веќе цел месец ја тресат оваа земја.
„Утрински весник“ објавува за потврдата на Врховниот суд за законитоста на постапката за случајот „Глобал“ во Струмица. Паралелно на оваа вест, „Утрински“ пишува и за матните милиони на проектот „Скопје 2014“ од правните анализи на „Транспаренси Интернешенел - Македонија“, според кои за спомениците на незаконски начин се потрошени милионски суми државни пари.
„Вечер“
Дневниот весник „Вечер“ во денешното свое издание пишува за новиот кандидат за претседател на Косово Атифете Јахјага, која од актуелен заменик на генералниот директор на косовската полиција, ќе се натреварува за шеф на државата.