8.4.11

Преглед на дневен печат

Дневник

"Дневник "во денешниот број својата насловна страница им ја посветуваат на нашиот проблем со името, како и на непријатлството со соседите, кое што трае од многу поодамна. Во другите вести Дневник известува за масовните гужви кои што се случуваат на клиниката за радиологија.
Од десната страна можеме да забележиме дека има вести од светот, поврзани со катастрофите во земјата на изгрејсонцето, а веднаш под нив има кратка статија за најновите измени кои шти ги донесе нашата десница, поврзани со администрацијата.








Утрински весник

"Утрински весник " за разлика од "Дневник" својата насловна страна ја има посветено на собранието т. е на анализите на политичките посматрачи кои сметаат дека новата влада ке биде нестабилна и етабилирана. Исто така ја пренесуваат и информацијата за тоа дека Филе бара решение за името пред Хаг, како и за честа на Зоран Заев, градоначалникот на општина Струмица.











Вечер

По принципот на Утрински, така и "Вечер" својата насловна му ја имаат посветено на Заев, но овојпат насловот е поразличен. Вели, " Партнерите на Заев чисти, а Заев амнестиран. Имаат дел и од црна хроника, за еден инцидент кој што се случил во Србија, а го носи насловот, " Ja опнал колибата на дедо му 50 пати ". Останатиот дел од насловната ка користат за рекламно пропаганден материјал.

Анализа на веб страната www.grouper.mk

„Групер“ е сајт за групно купување. Учеството во активностите на сајтот се со претходно зачленување. Организиран е пирамидално, преку забава да се стигне до заедничката, цел на партнерите во процесот. Продавачот да продаде, купувачот да го добие својот производ. На членовите им се обезбедуваат попусти, а ширењето на членството е по системот на „врзани садови“. Еден член зачленува други, со што добива привилегии и попусти.

Мисијата на овој сајт е да помогне во изнаоѓање на интересни работи во еден град (во конкретниот случај Скопје) по „непобедливи“ цени. Се нудат попусти од 50-90%.


Користи промоција на продажби, производи, новитети, поволности...


Нуди „зделка на денот“

Со интересна видео анимација се опишани сите активности и можности на сајтот


„Групер“ нуди и :

  1. Реклама - покрај тоа што зделката ќе биде објавена на Grouper и ќе ја видат сите посетители на веб страната, сите зачленети корисници ќе ја добијат понудата на email, а Grouper ќе ја рекламира зделката и на социјалните мрежи facebook, twitter како и на сите други веб страни каде што Grouper ќе се рекламира (kadevecer.com.mk, men.mk и duskalo.mk). Понудата и компанијата ќе биде изложенапред 30 000 луѓе.

  2. Трошокот на рекламата не е директен, се исплќа со услугата/производот кој го нудите во одреден временски период додека парите од купувачите кои го платиле производот услугата, ги добивате веднаш по завршување на зделката.

  3. Бројот на потрошувачи кои доаѓаат од Grouper е директно мерлив, затоа што Grouper корисниците "плаќаат" со купонот кој го добиле на e-маил. Бидејќи Grouper заработува со тоа што зема дел од секој продаден купон, Grouper ќе заработи само доколку Вашиот бизнис заработи. Тоа е win-win комбинација.

Дизајнот е релативно чист, прегледен, но не е доволно технички подготвен. На пример во пребарувачот Интернет експлорер, линковите кон „начините за купување“ или поточно кон банките кои се излистани едноставно не се отвора, поточно се pop-up блокирани. Исто така е тешко, или невозможно преку експлорер да се отворат и други линкови, што е недозволиво, затоа што не треба да се ограничуваат можностите за пребарување. На тој начин, исто така, е тешко, или се оневозможува да се најде вистинскиот начин за плаќање, што ја губи и основната смисла на сајтот, купувањето на производи.

Нуди можност за проширување на бизнис. Нуди соработка и со локални бизниси, значи мрежно поврзува. Нуди и: Постигнување активна растечка база на потрошувачи за еден ден, носи нови загарантирани потрошувачи, инвњестиција само во потрошувачите кои ги носи рекламата, да се биде единствен бизнис на денот, да се шпривлече внимание на локалната и националната публика, да се креира промоција која ќе биде најдобра за месецот!

Обврска е на оној што ќе се зачлени да дозволи примање на маилови со промотивни материјали.


Се забележува директна поврзаност со неколку социјални мрежи.

Преглед на дневниот печат

„Дневик“

Дневниот весник „Дневни“ во денешниот број пишува за придонесите во здравството, односно за нервозната атмосфера поради долгите редици на пациенти во Клиниката за радиологија за снимање на магнетна резонанца. Во останатите вести, „Дневник известува за јавни информации од државни институции кои се нецолосни и за кои не се почитува законскиот рок. Исто така овој дневен весник на наслованата пишува и за новиот земјотрес во Јапонија“, од низата земјотреси кои веќе цел месец ја тресат оваа земја.








„Утрински весник“

„Утрински весник“ објавува за потврдата на Врховниот суд за законитоста на постапката за случајот „Глобал“ во Струмица. Паралелно на оваа вест, „Утрински“ пишува и за матните милиони на проектот „Скопје 2014“ од правните анализи на „Транспаренси Интернешенел - Македонија“, според кои за спомениците на незаконски начин се потрошени милионски суми државни пари.










„Вечер“

Дневниот весник „Вечер“ во денешното свое издание пишува за новиот кандидат за претседател на Косово Атифете Јахјага, која од актуелен заменик на генералниот директор на косовската полиција, ќе се натреварува за шеф на државата.


Пример за кропирање

Ја користев програмата Pixir за кропирање на фотографијата. http://pixlr.com/editor/.

Пример за кропирање на слика

За кропирање на сликата го користев бесплатниот сајт http://pixlr.com, а оригиналната слика ја презедов од http://twitpic.com/3qvkro